Македонските прволигашки клубови никако да победат на подготовките во Турција. Македонија ЃП денеска загуби минимално (0-1) од бугарскиот тим Монтана. Тимот на Жикица Тасевски претходно загуби и од Инхулец, Олександрија и од ЦСКА Софија 1948.
Монтана победи со голот на Сергеј Георгиев, а следната контрола на „лавовите“ ќе биде против Минај.
Академија Пандев загуби минимално од Б-тимот на Спартак Москва. И Александар Васоски на овој меч претежно ги тестираше фудбалерите од „вториот“ состав, а Спартак Москва славеше со гол од пенал што го постигна Дјаков пред крајот на првото полувреме.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













