
Ване Милков ќе остане на чело на Беласица и ќе го води струмичкиот тим и во настапите во Првата лига, откако младиот стратег ги оправда очекувањата на управата и успеа да го внесе тимот во елитното друштво. Беласица во моментот на прекинот на сезоната беше првопласирана во Втората лига – Исток и обезбеди промоција со одлуката за проширување на Првата лига, по што на Милков веднаш му беше понудено соработката да продолжи и во наредната сезона.
„Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција. Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во Прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум. Момци ВИЕ сте најзаслужни за враќањето на ФК Беласица во ПМФЛ. Исто така голема благодарност и до Претседателот на клубот, и до целиот мој стручен штаб, управен одбор и сите колеги во клубот како и голем дел на млади фудбалери од младинската школа кои беа дел од тренажниот процес низ сезоната. Вашата помош и поддршка ни беа неопходни за да ја исполниме зацртаната цел, да ја вратиме ФК Беласица на местото каде што припаѓа. Во моментот можам да ветам само една работа. Јас и мојот стручен штаб ќе дадеме се од себе за ФК Беласица овојпат да остане во елитата. Ќе го вложиме целиот наш труд, напор и знаење за да ја исполниме оваа цел“ – изјави Милков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
