Борусија Дортмунд го совлада Унион Берлин на домашен терен со 2-0 и се уште е во трката за пласман во Лигата на шампионите. „Милионерите“ сега имаат четири бода негатива во однос на Ајнтрахт Франкфурт на четири кола до крајот.
Марко Ројс во 27.минута, од втор обид откако пенал не реализира Халанд, ја доведе Борусија Дортмунд во водство, а триумфот го потврди Рафаел Гереиро во 88.минута.
Дарко Чурлинов одигра половина час во поразот (1-3) на Штутгарт дома против Волфсбург. Шлагер, Вегорст и Герхарт беа стрелци за „волците“ на овој меч.
Хофенхајм славеше со 3-2 против Борусија Менхенгладбах, а Мајнц го совлада Вердер на гости со 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













