Младата репрезентација на Македонија од 18. до 27. март во Турција ќе биде дел од силниот „Анталија Куп“ на кој покрај нашата млада селекција ќе учествуваат репрезентациите на Украина, Летонија, Естонија и Казахстан.
По речиси една година Благоја Милевски, под чие водство нашата млада селекција го оствари историскиот успех со пласманот на ЕП во Полска 2017, повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Македонија до 21 година.
„Се радувам на новите предизвици и можноста повторно да соработуваме. Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата, во момците и ќе бидеме подготвени за новите предизвици. Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат“ – изјави Милевски, по назначувањето на селекторската функција.
На „Анталија куп“, според програмата на организаторот, Македонија на 22. март ќе игра против Украина, на 24. март против Летонија и на 26. март против Естонија, а нема да се соочи со Казакхстан на контролниот турнир во Турција од причина што двете селекции се во иста група во квалификациите за ЕП 2021.
Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски за натпреварите од „Анталија Куп“ прати повик до следните фудбалери:
Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа);
Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев);
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Ѓургарден, Шведска);
Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski