Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со фудбалери за првите четири натпреварите од Лигата на нации. Тој повика 28 фудбалери, меѓу кои и има и нови имиња.
Нашиот национален тим ќе стартува со дуел против Бугарија (2. јуни), потоа следува и меч на гости против Гибралтар (5. јуни). На домашен терен избраниците на Милевски ќе играат против Грузија (9. јуни) и против Гибралтар (12. јуни) во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери:
ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренчин, СЛОВАЧКА);
ОДБРАНА: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Кире РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езгјан АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), Стефан АШКОВСКИ (Сепси, Романија), Никола СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
СРЕДЕН РЕД: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Леванте, Шпанија), Стефан СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердал РАКИП (Малме, Шведска), Бобан НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);
НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Шалке 04, Германија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Доријан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski