Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, и предводникот на младиот национален тим Драган Канатларовски, во друштво на спортскиот директор на А-тимот, Дени Масев, и тим-менаџерот на младата селекција Никола Зердески, го следат последниот пријателски натпревар на Шкупи на подготовките во Анталија. Тие се гости на сопственикот на Шкупи, Огун Ајдин, и директорот Омер Буњаку.
Денеска лидерот на табелата во Првата лига игра против рускиот прволигаш Ахмат Грозни.
Претходно тие го следеа и мечот меѓу Шкупи и Факел. Следеа мечеви и на Шкендија, Работнички, Брегалница и на Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













