Connect with us

Милевски ги собра репрезентативците (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот за СП 2022. Селекторот Благоја Милевски го закажа првиот собир за денеска напладне, а веќе пристигнаа Енис Барди и Столе Димитриевски, Дарко Чурлинов, Ѓоко Зајков, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, Бојан Миовски…

Дополнителен повик Милевски испрати и за Енур Тотре и Дориан Бабунски, а поради повреди присуството го откажаа Ердал Ракип и Адис Јаховиќ.

Попладне од 17 часот македонскиот национален тим ќе го има и првиот тренинг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови