Фудбалската репрезентација на Македонија е во очекување на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар. Националниот тим го очекува гостување во Ерменија, а потоа и меч со Исланд на домашен терен во средината на ноември.
Селекторот Благоја Милевски повторно се соочува со проблеми на важни играчи, Аријан Адеми и Бобан Николов, но се враќа Енис Барди кој се опорави и почна со настапи за Леванте. На списокот има и еден дебитант, напаѓачот Ваљон Етеми.
„Фокусот на Ерменија, ги знаеме квалитетите на оваа селекција, но ќе се бориме за пласман во баражот до самиот крај, додека имаме и 1% шанси за нешто такво. Имаме одредени проблеми со повреди, ги нема Адеми и Николов, но од тоа не може да се побегне, верувам апсолутно во фудбалерите кои се повикани. Ќе се подготвиме добро и се надевам на позитивен исход“, изјави селекторот Благоја Милевски.
На мечот во Ереван на 11 ноември нема да настапи и капитенот Стефан Ристовски поради жолти картони, а три дена подоцна следи дуелот против Исланд во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













