Нов шок му се случи на Баерн Минхен само десет дена по неочекуваната оставка на тренерот Џулијан Нагелсман. Клубот остана без двојна круна во Германија откако доживеа сензационална елиминација од Фрајбург во четвртфиналето.
Баерн синоќа беше поразен со 1-2 на „Алијанц арена“. За Фрајбург беше досуден пенал во 93.минута, откако Мусијала играше со рака во шеснаесетникот, а гостите тоа знаеја да го искористат.
По шокантното испаѓање од Купот, раководството и ѕвездите на Баерн беа бесни.
Капитенот Томас Милер даде изјава за новинарите.
„Неописливо сме празни по оваа елиминација од Купот! Да бидеме елиминирани со гол од далечина и пенал во последната минута од судиското надополнување е ултра горчливо! Дали Мусијала е виновен? Да, тој не требаше да оди на топката со рака, особено не на тој дел од теренот и на самиот крај од натпреварот. Но, заедно победуваме и заедно губиме“, изјави Милер.
Заменик-капитенот Џошуа Кимих беше многу пожесток.
„Навистина сум гневен што го загубивме трофејот на ваков начин! Фрајбург навистина немаше никакви шанси на овој натпревар, само еднаш шутнаа од далечина и на крајот постигнаа гол од пенал. Но, тој покажува дека ние сме вниновниците. Фрајбург гореше од желба за победа, а ние мислевме дека сами ќе паднат во Минхен. Затоа повторно ни се случи она што се случува многу често, загубивме откако имавме водството. Овој тим на Баерн покажува премалку страст и премалку емоции“, изјави Кимих.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













