
Милан и Интер ремизираа 1-1 во големата градска пресметка. „Нероаѕурите“ можат да жалат за нереализираниот пенал на Лаутаро Мартинез, а „росонерите“ за дирекот што го погоди Селамакерс во 90.минута од мечот.
Интер поведе од пенал, а стрелец беше Хакан Чалханоглу во 11.минута откако претходно беше фаулиран од Франк Кеси.
Само шест минути подоцна Милан израмни со автоголот на Де Фрај, откако и Томори одлично скокна во шеснаесетникот на противникот.
Барела имаше шанса да донесе ново водство на Интер, но од гол – линијата спаси одбраната на „миланезите“.
Во финишот, Милан тргна по триумф, фудбалерите на Стефано Пиоли имаа повеќе енергија, но не успеаја да стигнат до победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
