
Италијанскиот калчолигаш Милан покажува голем интерес за ѕвездата на Торино, Самуеле Ричи, објавува „Газета дело Спорт“.
23-годишниот Ричи игра одлично и се наметна како еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А, привлекувајќи внимание од многу европски гиганти.
Тој веќе го доби прекарот „новиот Пирло“, а неговата цена моментално се движи меѓу 40 и 50 милиони евра.
Милан бара квалитетен играч од средниот ред и го идентификуваше Ричи како главна трансферна цел, но ќе треба да ја надмине сериозната конкуренција за неговиот потпис. За него се заинтересирани и Интер, ПСЖ, Манчестер Сити и Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
