
Скромно се најавуваше цело лето, но од денес е сосема јасно, Милан тргна по Душан Влаховиќ и ќе направи сè за да го доведе во своите редови од големиот ривал Јувентус.
На српскиот напаѓач му истекува договорот со „старата дама“ на крајот од сезоната, и и тој и клубот сакаат трансфер уште сега. Новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, под чие водство Влаховиќ го играше својот најдобар фудбал во Јуве, знае дека Душан му е потребен за да ги врати „росонерите“ на врвот на Серија А и издал наредба да се тргне по него.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан веќе подготвил понуда за која верува дека ќе биде доволна за да се обезбеди потписот на Влаховиќ, иако условите не се ни приближни на оние кои ги има во Јувентус.
Милан му нуди 6.000.000 евра по сезона – што е двојно помалку од платата што би ја заработил оваа сезона како играч на Јувентус.
Сепак, понудата содржи и бонуси поврзани со постигнати голови и освојување титули, како и дополнително зголемување на платата доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите.
Влаховиќ со одбивањето на „мега-понудата“ од Ал Хилал веќе покажа дека парите не му се приоритет и дека сака да игра за голем европски клуб. Поради тоа, овој трансфер делува повеќе од реален.
Јувентус бара обештетување од 19.500.000 евра. Милан ќе се обиде да ја намали таа сума, бидејќи станува збор за играч на кој му е последна година од договорот, но желбата е тука и Влаховиќ никогаш не бил поблиску до „Сан Сиро“, дури и ако остане истата сума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке
