Милан стапи во контакт со Челси и со Кристал Палас за да ги провери условите под кои би можеле да ги доведат напаѓачите Николас Џексон и Жан-Филип Матета, пренесуваат италијанските медиуми. „Росонерите“ се во потрага по нов голгетер, но буџетот им е ограничен.
На „Сан Сиро“ се надеваат дека Челси ќе биде подготвен да се раздели со Џексон по пристигнувањето на Лијам Делап и Жоао Педро, па се разгледува опција за позајмица со клаузула за откуп следната година. Џексон имаше променлива сезона, со 13 голови и 6 асистенции во 37 натпревари, но често беше критикуван поради големиот број промашувања.
Од друга страна, Жан-Филип Матета блескаше во дресот на Кристал Палас, постигнувајќи 17 голови и 4 асистенции, и имаше голем удел во освојувањето на ФА Купот. Французинот има 28 години и договор уште за две сезони, но Милан се надева дека Кристал Палас може да го продаде сега за околу 30 милиони евра, искористувајќи ја неговата моментална добра форма. Постојат и надежи дека самиот играч би можел да врши притисок за трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













