Аргентинскиот ас Лионел Меси е пред крајот на договорот со ПСЖ, но сѐ уште не се договорил за продолжување со клубот. Челниците уште во декември се сретнаа со таткото на Меси, Хорхе, но не беше постигнат договор.
Фабрицио Романо, најпознатиот новинар кој се занимава со фудбалски трансфери, ја објасни ситуацијата на Меси.
„Меси доби предлог од ПСЖ да го продолжи договорот и не бараше плата како другите играчи. Во овие преговори главниот фактор не се парите. Меси сака да разбере каква ќе биде неговата улога во ПСЖ и како ќе изгледа клубот следната сезона ако го продолжи договорот. Затоа не брза и сѐ уште е во преговори“, објасни Романо.
ПСЖ разочарувачки е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите и веќе може да ја прогласи оваа сезона за неуспешна. Француските медиуми пишуваа дека Меси не е задоволен и од тренерот Кристоф Галтие и дека го напуштил тренингот. Татко му негираше, напиша дека сето тоа е лага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













