Connect with us

Меси нема намера да потпише за ПСЖ за помала плата од сегашната

Лионел Меси се уште не е сигурен дали ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува на лето, а конечната одлука ќе ја донесе по реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.


Според „Ле Паризиен“, евентуалното испаѓање на парижаните би можело да го натера Меси да се двоуми и да ја одбие понудата на клубот. Исто така, аргентинската ѕвезда нема намера повторно да потпише за помалку од она што моментално го заработува.


Моменталната плата на Меси во ПСЖ е околу 38 милиони евра годишно.


Не е тајна дека Интер Мајами покажува интерес за поранешниот ас на Барселона. Ова го потврди главниот тренер на клубот Фил Невил. Помалку е веројатно Меси да се врати на „Камп Ноу“, а постои опција и да се врати во Аргентина во клубот од детството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови