
Лионел Меси ќе остане во Интер Мајами и во 2026 година со нов договор. Според „Атлетик“, двете страни се многу блиску до договор за продолжување на актуелниот договор на легендата, кој истекува на 31 декември 2025 година. Ова значи дека паѓаат во вода и малите шанси за негово враќање во Европа.
Така, Лео Меси, доколку биде дел од репрезентацијата на Аргентина на претстојниот Мундијал 2026, ќе настапува како фудбалер на американскиот клуб. Освен тоа, ќе има можност да ужива во настапите на новиот стадион на клубот од Флорида, кој се очекува да биде отворен следната година.
Меси е во Интер Мајами од летото 2023 година, кога прејде како слободен агент од Пари Сен Жермен. Напаѓачот, кој ова лето ќе наполни 38 години, има постигнато 42 голови и 21 асистенција на 48 натпревари за тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
