
Капитенот на националниот тим на Аргентина, Лионел Меси, ќе биде подготвен за полуфиналето на Копа Америка против Канада вечерва во Њу Џерси, изјави селекторот Лионел Скалони.
Меси се врати во игра во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот меч, но изгледаше дека не е физички подготвен. 37-годишната ѕвезда на Интер Мајами не реализира пенал за време на изведувањето пенали на стадионот во Хјустон.
„Лео е добро, така што тој ќе биде дел од натпреварот, ние сме спокојни за тоа“, изјави Скалони.
„Неговото ниво е добро, тој е клучен играч за нас“, призна селекторот.
Аргентина и Канада ќе се сретнат по вторпат на турнирот, по натпреварот на отворањето во групата А, кој светскиот шампион го доби со 2-0.
Скалони објави дека овојпат тој и селекторот на Канада, Џеси Марш, ќе бараат „нешто различно“.
„Сите тренери се обидуваат да ги корегираат своите грешки и да го повредат противникот. Секој треба да направи нешто различно. Ќе се обидеме да ја задржиме топката и да им попречиме да го играат нивниот стил. Канада има физички силни играчи, кои се и добри техничари. Нивниот селектор форсира агресивен стил на игра“, додаде Аргентинецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
