
Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси е поканет уште еднаш да се „овековечи“ на Маракана оставајќи стапалки на легендарниот бразилски стадион, соопшти во вторникот државното тело за заштита на спортот на Рио де Жанеиро.
Аргентина ја победи Франција на драматичен начин со 4-2 на пенали во финалето на Светското првенство во 2022 година, а поканата за Меси, која првпат беше упатена во 2021 година, повторно е упатена.
„Меси веќе ја покажа својата важност на теренот и надвор од него. Тој е фудбалер на највисоко ниво во историјата на спортот. Тој е на ова ниво со години. Ништо не би му одговарало повеќе од тоа да ја добие оваа чест. Меси е генијалец со топката“, изјави Адријано Сантос, шеф на Државната спортска управа во Рио де Жанеиро.
Стадионот „Маракана“ беше домаќин на финалето на Светското првенство во 1950 и во 2014 година. Пред речиси 18 месеци, Аргентина и Лионел Меси ја освоија Копа Америка на легендарниот стадион.
Отпечатоците на Меси на патеката на славната „Маракана“ можат да застанат покрај оние на легендите Пеле, Гаринча, Ривелињо, Роналдо, Еузебио, Себастијан Абреу и Франц Бекенбауер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
