
Наполи е силно заинтересиран за наѓачот на Барселона, Мемфис Депај. Тој минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен агент и одлично се вклопи во тимот. Но, по доаѓањето на Чави Хернандез, Барселона доведе уште неколку напаѓачи, пред се Феран Торес и Обамејанг, па каталонскиот клуб не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот.
Ситуацијата сака да ја искористи Наполи и да го доведе на лето во Неапол. Клубот смета дека Депај би бил идеална замена за капитенот Лоренцо Инсиње, кој заминува на крајот на сезоната и се сели во Торонто.
Барселона би го продала Мемфис Депај за сума од 30 милиони евра, а Наполи е подготвен тоа да го плати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
