Connect with us

Мемфис Депај ќе го засили Јувентус?

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај е на добар пат да го напушти „Камп Ноу“ ова лето откако стана јасно дека нема да има голема минутажа кај тренерот Чави. Каталонскиот гигант доведе неколку нови имиња во нападот, пред се Рафиња и Роберт Левандовски, а тука се и Ансу Фати и Пјер-Емерик Обамејанг.

Токму поради ова Депај ќе замине, а би можел да се пресели во Торино и да го облече дресот на Јувентус. На италијанскиот калчолигаш очајно му е потребен нов напаѓач откако замина и Алваро Мората, а Холанѓанецот би бил одлично решение и големо засилување.

Јувентус и Барселона се наоѓаат на турнеја низ САД и би можеле да го договорат овој трансфер по меѓусебниот пријателски натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови