
Мејсон Маунт може изненадувачки да заврши во Баерн Минхен, иако до неодамна важеше за сигурно ново засилување за Манчестер Јунајтед. Сепак, „црвените ѓаволи“ не успеаја со третата понуда за англискиот интернационалец, а постои сериозна можност Челси да прифати помала понуда за играчот за врска од странство.
Во срцето на интересот на Баерн за Маунт е Томас Тухел. Тренерот на Баварците беше во одлични односи со 24-годишниот фудбалер додека беа заедно на „Стемфорд бриџ“.
Токму под водство на Тухел, играчот од средниот ред ги одигра некои од најдобрите натпревари во кариерата.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 55 милиони фунти, а Челси инсистира да добие 65 милиони. На „Олд Трафорд“ сепак се сомневаат дека лондончани намерно ја креваат цената за нив, а во исто време се договориле да го продаде Матео Ковачиќ на Манчестер Сити за само 30 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
