Connect with us

Мегатрансферот ќе се случи: Реал Мадрид ќе го претстави Мбапе на 22 јули?

Килијан Мбапе ќе биде претставен како ново засилување за Реал Мадрид на 22 јули, тврдат светските медиуми повикувајќи се на извори блиски до ПСЖ.


Преговорите меѓу двата клуба почнаа пред неколку дена, а според француските медиуми, разликата моментно е 80 милиони евра.

Понудата на Реал Мадрид изнесува 200 милиони евра, плус откупна клаузула од 20 милиони евра, додека ПСЖ се залага за огромни 250 милиони евра, плус откупна клаузула од 50 милиони евра.

Самиот Мбапе ги договорил личните услови со „кралскиот клуб“. Се очекува Французинот да добива 30 милиони евра нето плата годишно на „Сантијаго Бернабеу“, каде ќе потпише петгодишен договор. Французинот ќе задржи 65% од имиџ правата, а за потпишувањето на договорот ќе добие бонус од 90 милиони евра кои би ги земал за верност при исполнување на договорот со ПСЖ.

Најспектакуларниот договор во историјата на фудбалот може да биде постигнат откако францускиот шампион одби да се раздели со својата голема ѕвезда како слободен играч следното лето кога ќе му истече договорот.

Мбапе е дециден дека не сака да потпише нов договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови