Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, и понатаму е во фокусот на јавноста во пресрет на неговата одлука околу иднината, дали ќе остане во Пари Сен Жермен или ќе замине во Реал Мадрид. Се чини дека се ближи крајот на сагата. Како што најавуваат француските медиуми, тој в недела во емисијата „Телефут“ во живо ќе го објави името на клубот со кој ќе потпише договор.
Мбапе досега одолеа на неколку фантастични понуди на „светците“ да го продолжи договорот со ПСЖ. Фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид, но тоа би можело и да се промени во последен момент.
Тој утре ќе го одигра последниот меч за ПСЖ од тековната сезона во Лига 1 против Мец, а ден подоцна и ќе ги објави деталите за својата иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













