Со четири гола во средината на неделата, Килијан Мбапе уште еднаш докажа дека е еден од водечките фудбалери во светот. Овој пат, со неговите погодоци, Реал Мадрид го совлада Олимпијакос со 3-4 на гостински терен во натпревар од Лигата на шампионите.
По мечот во Атина, напаѓачот зборуваше пред медиумите на различни теми:
„Многу беше важно да се вратиме на победите. Знаеме дека во три последовни натпревари не успеавме да триумфираме, а тоа е предолг период за нас. Ова беше значајна вечер, затоа што требаше да влеземе меѓу првите осум во Лигата на шампионите. Натпреварот беше малку компликуван. Знаеме дека тука е тешко да се победува. Започнавме многу лошо, потоа го контролиравме мечот, па сè се претвори во дуел еден на еден, но на крајот ја земавме победата. Во чамецот понекогаш може да дува ветер, но никој нема да скокне од него — сите сме заедно и обединети за да победуваме.
Тој постигна четири гола, но успехот секогаш го дели со соиграчите.
„Многу сум задоволен, секогаш е задоволство да се постигнуваат голови. Соиграчите ми додаваат одлично. Имам голема среќа што играм во овој тим, со овие соиграчи. Се обидувам секогаш да давам голови — понекогаш успевам, понекогаш не, но идејата секогаш е да помогнам. За мене нашиот тим е многу добар. Се разбира, има работи што треба да се подобрат. Кога играш во клуб како Реал Мадрид, нормално е луѓето да зборуваат. Ние, играчите, треба да ги браниме своите соиграчи и тренерот. Треба да бидеме заедно. Мадридистите се зад нас. Не чекаат многу предизвици оваа сезона и мора да дадеме сè за овој клуб.“
„Секој има своја улога во тимот, мојата нормално е да постигнувам голови… Можам да кажам дека без другите играчи нема да победуваме натпревари. Мислам дека во секој меч, во секој тим има играчи што имаат задачи за доброто на тимот, а мојата е да давам голови — тоа е она што можам да го понудам. Не мислам дека има некаква зависност или нешто такво — тоа е повеќе новинарска работа или мислење на луѓе однадвор“, заврши Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски ја одби понудата на Фенербахче
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу













