
Килијан Мбапе беше првата ѕвезда на „Паркот на принцовите“ синоќа на дуелот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид. Парижаните го добија натпреварот со 1-0, а Мбапе го постигна победничкиот гол во судиското продолжение кога сите го очекуваа крајот на натпреварот.
По средбата се појавија снимки од тунелот на „Паркот на принцовите“ со Мбапе и Карим Бензема во главните улоги.
Во краткиот разговор се слуша како Мбапе го прашува Бензема како се чувствува, на што напаѓачот на Реал Мадрид одговори дека е полесно повреден. После тоа Мбапе почна да се смее и Бензема го нарече лажго, а фудбалерот на „кралевите“ го нарече лудак.
Потоа следеше детал кој привлече големо внимание бидејќи Мбапе може да се слушне како вели „сè е готово“. Многумина тоа го протолкуваа како трансферот на Мбапе во Реал Мадрид да е завршена работа што ќе се реализира на крајот од сезоната.
Сепак, по мечот Килија Мбапе беше максимално професионален во изјавите пред медиумите.
What are Kylian Mbappe and Karim Benzema talking about here? 👀#UCL pic.twitter.com/Fe3cq6BqYp
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 15, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
