Француската ѕвезда Килијан Мбапе е подготвен да се откаже од 70 милиони евра за да изнуди трансфер во Реал Мадрид. Францускиот репрезентативец влезе во последните шест месеци од договорот со парижаните, што му овозможува да преговара со кој било клуб.
Отворањето на преодниот рок во Европа на 1 јануари повторно даде повод за шпекулации за иднината на фудбалерот.
Тој беше во фокусот на вниманието и во последниот преоден рок, но тогаш трансфер не се случи.
Според информациите на француските медиуми, Мбапе е подготвен да се откаже од близу 70 милиони евра, кои треба да ги добие од Пари Сен Жермен како бонуси, за да биде ослободен и на лето да се пресели во Реал Мадрид.
Секако, не е исклучено и други големи клубови да се обидат да дојдат до потписот на француската ѕвезда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













