Connect with us

Мбапе ги договорил сите детали за трансфер во Реал Мадрид

Во последниот ден од зимскиот преоден рок се случи најголемиот трансфер во најсилните лиги во светот кој ќе се реализира на лето. Килијан Мбапе, според германскиот „Билд“, ги договорил сите услови околу трансферот во Реал Мадрид.


Досега имаше многу пресврти во кариерата на Мбапе, особено во последните две години колку што Реал Мадрид е заинтересиран за него, дури се зборуваше дека ќе остане, но на крајот францускиот ас реши да го облече дресот на мадридскиот гигант.


Според „Билд“, Мбапе ќе заработува 25 милиони евра годишно во Реал Мадрид, а трансферот ќе се реализира на лето.


Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот од оваа сезона, па Реал Мадрид нема ограничувања за преговори со Мбапе.


Пари Сен Жермен минатото лето одби над 200 милиони евра за него од Реал Мадрид, а следното лето ќе замине како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови