
Македонскиот прволигаш Работнички во 13.коло од Првата фудбалска лига е домаќин на Силекс. Натпреварот е закажан за утре, со почеток во 13 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Крилниот напаѓач Атдхе Мазари во најава за утрешниот дуел вели дека фудбалерите се максимално мотивирани да го покажат својот квалитет, по слабото издание и поразот од Шкупи во минатото коло.
„Работнички поседува многу поголем квалитет од игрите и резултатите што ги остварува тимот во досегашниот тек од првенството. Ние фудбалерите сме свесни за тоа и треба да го покажеме на теренот. Максимално сме мотивирани за утрешниот меч со Силекс, ги посакуваме трите бода и се ќе дадеме сѐ од себе да ги освоиме. Противникот е одлична екипа, но верувам дека ќе успееме да ги надиграме и да стигнеме до триумф“, вели Атдхе Мазари за официјалниот сајт на клубот.
Утрешниот натпревар ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
