Connect with us

Матјаж Кек како Боби Милевски: Не доби нов договор за да остане селектор на Словенија

Фудбалската федерација на Словенија денес потврди дека Матјаж Кек повеќе не е селектор на националниот тим.

Според соопштението, неговиот договор истекол на 30 ноември.

„Претседателот на Фудбалската федерација на Словенија и Матјаж Кек по заеднички разговор одлучија да ја прекинат соработката по седум години многу добра и коректна работа, која донесе успех во квалификациите за Европското првенство и пласман во осминафиналето“, стои во соопштението.

Федерацијата му се заблагодари на Кек за вложениот труд и достигнувањата кои, како што се додава, ќе останат запишани во историјата на словенечкиот фудбал.

„По подолго време, словенечката репрезентација повторно беше дел од европската фудбалска сцена и се најде меѓу најдобрите тимови. Особено ја цениме поврзаноста со навивачите во овој период и начинот на кој заедно создадоа незаборавна атмосфера на домашните стадиони, како и во Германија“, се додава во соопштението.

Следниот натпревар на словенечкиот национален тим е закажан за 23 март 2026 година, па федерацијата најави дека ќе го спроведе изборот на нов селектор без притисок од времето, со целосна внимателност што таквата одлука ја бара.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови