
Лионел Меси ја освои „Златната топка“ и го подели светот. Многумина сметаат дека Роберт Левандовски многу повеќе ја заслужи оваа награда, особено што минатата година неправедно му беше „одземена“, бидејќи не беше доделена поради пандемијата.
Полјакот лани ги освои сите можни трофеи, годинава не успеа да го одбрани пехарот во Лигата на шампионите, но статистички беше најдобар.
Меси ја предводеше Аргентина до Копа Америка и тоа веројатно беше одлучувачки фактор во оваа трка.
Лотар Матеус се уште не може да разбере како Меси повторно ја освои „Златната топка“.
„Искрено, ништо повеќе не ми е јасно. Со сета почит кон Меси и другите големи играчи, но никој не ја заслужи оваа награда повеќе од Роберт Левандовски. За нас ти си сепак најдобар“, изјави Матеус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
