
Масар Омерагиќ доби комплетна доверба да го предводи македонскиот фудбал во наредните четири години. Тој доби мандат до 2029 со апсолутна поддршка од делегатите на денешното Редовно изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Во присуство на претставниците на ФИФА и на УЕФА, Мерион Габат и Лука Никола, кои искажаа посветеност за нова поддршка, 65 делегати му ја дадоа довербата на Масар Омерагиќ.

“Три месеци по преземањето на Федерацијата стојам пред вас со обврска да продолжиме со напорна работа и да ја реконструираме федерацијата. Во изминатите две години ФФМ имала поголеми расходи од еден милион евра во однос на приходите. Единствена светла точка беа резултатите на фудбалската репрезентација на Македонија. Но, наместо да се навраќаме назад, наша обврска и мисија ќе биде да поставиме нови стандарди. Пред нас е многу работа и ве уверувам дека Федерацијата ќе биде симбол на максимална организираност и посветеност за напредок и развој на македонскиот фудбал”, изјави Масар Омерагиќ.
На Собранието беше донесена одлука за отповикување на суспензијата на Општинскиот сојуз на Струмица.
Донесена е одлука за рамковен револвинг кредит од еден милион евра, а доколку е потребно ќе биде ставена во залог зградата на ФФМ.
Со 65 гласови беше овластен УО на ФФМ за промени на системот на натпреварувања во сите категории, исто како и за реформа на организациската поставеност на Федерацијата и основање на друштво со ограничена одговорност “ФФМ логистика ДООЕЛ”, со управител Златко Андоновски. Ќе бидат отпочнати активности за формирање на Арбитража на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години поразени од Хрватска на вториот тест
