Најтрофејниот македонски клуб Вардар со финален замав кога се засилувањата во прашање. По вчерашното претставување на Давид Бабунски, на ред се две имиња од македонскиот шампионат. Во текот на денот за Вардар треба да потпишат Мартин Ѓорѓиевски, младинскиот репрезентативец кој е член на Брера, и сениорскиот репрезентативец Бојан Илиевски.
Мартин Ѓорѓиевски беше на чекор до заминување во странство, имаше преговори со Раков и со Данди Јунајтед, но на крајот мнигу веројатно ќе заврши во редовите на Вардар. Ќе добие шанса да за наметне како еден од главните играчи во „црвено-црните“ редови, а оттаму потоа можеби и многу полесно ќе направи трансфер во странство.

Второто ново име денеска треба да биде Бојан Илиевски. Дефанзивецот на Струга Трим Лум, кој со добрите игри обезбеди место и во националниот тим, треба да ја засили одбранбената линија на Вардар, која очигледно не е на ниво. Се увиде тоа на последниот меч кога од Шкупи беа примени два „евтини“ гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













