
Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона, тврдат медиумите во Шпанија. Овој 27-годишен напаѓач од почетокот на годината преговара со Реал за продолжување на договорот кој истекува во јуни. Клубот сакаше тој да остане, му понудија продолжување, но Асенсио ја одби понудата.
Шпанецот смета дека заслужил поистакната улога во тимот и не сака да потпише нов договор, па од крајот на јуни ќе биде слободен играч.
Асенсио е на „Сантијаго Бернабеу“ веќе седум години и освои 17 трофеи откако пристигна од Мајорка во 2014 година. Оваа сезона одигра 50 натпревари за Реал Мадрид, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
