Connect with us

„Марка“: Ако Реал не победи против Сити во ЛШ, Чаби Алонсо ќе добие отказ

Раководството на Реал Мадрид одржа итен состанок по кој беше објавено дека Чаби Алонсо ќе добие уште една шанса, но ќе биде отпуштен доколку не успее да победи против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, пренесува „Марка“.

„Кралскиот клуб“ веќе има две опции за потенцијален наследник на шпанскиот тренер, кој на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред почетокот на сезоната.

Главни кандидати за замена на Алонсо се Јирген Клоп и Зинедин Зидан.

Засега не се откриваат дополнителни детали, бидејќи главниот фокус е на следниот натпревар на „кралевите“ во ЛШ и на иднината на Алонсо на тренерското столче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови