
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, изјави дека неговиот тим ја обезбедил победата против Пари Сен Жермен во финалето на Светското клупско првенство уште во првите десет минути од натпреварот.
„Сините“ од Лондон го декласираа актуелниот шампион на Лигата на шампионите со два гола на Кол Палмер и еден на Жоао Педро.
„Немам зборови за моите играчи. Тие ја заслужија оваа победа. Прекрасен момент. Според мене, ние го добивме натпреварот уште во првите десет минути – го наметнавме темпото кое ни одговараше. Игравме одлично. За жал, при вакви климатски услови е тешко да се одржи тоа ниво цели 90 минути, но сметам дека мечот го решивме уште на стартот“, изјави Мареска.
„Ја најдовме вистинската позиција на Палмер и тој имаше простор за напаѓање. Многу сум среќен за Кол, но и сите останати играчи покажаа фантастична пожртвуваност“, додаде Италијанецот.
На прашањето каква иднина го очекува Челси, Мареска одговори:
„Многу светла, но уште повеќе ме радува што нѐ чекаат три недели одмор!“
Ова е прва победа на Челси над ПСЖ од 2014 година, по серија од четири натпревари без триумф. За Луис Енрике, пак, ова беше прв пораз во финале на клупско ниво како тренер, по 12 последовни победи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
