Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој го судеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција, одговори на обвинувањата на Французите дека директно влијаел на исходот на натпреварот кој Аргентина го доби со 4-2 на пенали, откако беше 3-3 по 120 минути.
„Французите се жалат на голот на Меси, но не кажаа ништо за голот од пенал на Мбапе, пред кој на теренот беа седум француски фудбалери“, изјави Марчинијак на прес-конференцијата покажувајќи ја фотографијата на мобилниот телефон на која се гледа пеналот на Французинот.
„Французите не ја споменаа оваа фотографија, каде што можете да видите како има седум Французи на теренот кога Мбапе ќе постигне гол од пенал. Прво, за двете ситуации да бидат казниви, односно да се прекине играта поради нив, тие играчи треба директно да влијаат на играта, тука навистина ништо не влијаеше. Многу судии ме контактираа, вклучително и Французите, кои ми кажаа дека судев одлично. Мбапе по натпреварот изјави дека судискиот тим е одличен. Мислам дека ова беше само обид за некаков сензационализам“, изјави Марчинијак.
Ден по финалето се појави видео на кое се гледа како двајца играчи на Аргентина истрчале на теренот пред голот на Меси за 3:2 во продолжението, а Французите се жалат дека не требало да биде досуден пенал за Аргентина. Беше покрената дури и петиција за повторување на финалето на Светското првенство, но сосема е јасно дека ништо нема да излезе од тоа.
Szymon Marciniak, referee for the World Cup Final, responds to criticism that Lionel Messi’s second goal shouldn’t have counted:
— SPORTbible (@sportbible) December 23, 2022
"The French didn't mention this photo, where you can see how there are seven Frenchmen on the pitch when Mbappé scores a goal." 👀🇫🇷🇦🇷
Via @ZachLowy pic.twitter.com/AdrFr1FrXY
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski