
Голманот на Баерн Минхен и на германската репрезентација Мануел Нојер се уште не игра поради повреда на рамото и прашање е дали ќе може да настапи на Светското првенство во Катар кое започнува за нешто повеќе од три недели, изјави тренерот на клубот од Минхен, Џулијан Нагелсман.
„Не знам бидејќи не сум видовит“, одговори Нагелсман на прес-конференцијата во пресрет на мечот меѓу Баерн и Мајнц во Бундес – лигата на прашањето за датумот на враќање на Нојер.
Еден од најдобрите голмани во светот, 36-годишниот Нојер има проблеми со рамото повеќе од две недели, поради што е надвор од терените.
„Не би рекол дека нема да може да игра на Светското првенство, дури претпоставувам дека ќе може. Но, за жал, не сум видовит“, повтори тренерот на Баерн. „Би сакале што поскоро да може повторно да игра. Работиме на неговото враќање следниот викенд, но не знам што ќе се случи. Тоа е хематом кој бара одмор, а рамото е генерално компликувано за лекување“, истакна Нагелсман.
Првиот натпревар на Светското првенство во Катар, Германија ќе го има против Јапонија на 23 ноември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
