
Продолжува осмото коло од новиот ПМФЛ шампионат, и на програмата е веројатно најинтересниот дуел од оваа етапа. Во Куманово кај забревтаниот и разигран есенва Башкими доаѓа Вардар, екипа која што самата по себе предизвикува инспирација, волја и желба за надигрување.
Башкими е изненадувањето сезонава. Тука нема дилеми. Во Куманово поминаа неколку екипи сезонава, но никој не се наигра кај новиот прволигаш. Сепак за „црвено-црните“ ова не е ништо ново, бидејќи тие се инспирација за секој противник.
„Да точно е тоа. Куманово и Башкими се сериозно гостување во моментов. А каде тоа Вардар лесно минувал? Никаде. Секаде каде што гостуваме домаќинот е максимално мотивиран, трибините се полни, атмсферата на ниво. Вардар е во прашање и така и треба да биде. Ние од друга страна сме свесни за сето тоа и се подготвуваме максимално за денешниот меч. Нема што премногу да се дискутира. Концентрација, и максимален влез во мечот од првата минута. Вардар и денеска како и на сите мечеви кои поминале или кои следуваат оди на победа и три бода. Тоа е единствената опција за Вардар денеска“, изјави левиот бек на „црвено – црните“ Михаил Маневски.
Мечот меѓу Башкими и Вардар е закажан со почеток во 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
