Connect with us

Манчестер Сити во нов обид да го купи Френки де Јонг

Манчестер Сити повторно ќе се обиде да го доведе Френки де Јонг, долгодишната цел на менаџерот Пеп Гвардиола.

Иако финансиските можности на англискиот клуб му овозможуваат да реализира и најсложени трансфери, овој трансфер останува недостижен, бидејќи и Барселона и самиот фудбалер упорно ја одбиваат понудата од „Етихад“.

Според најновите информации од Шпанија, „граѓаните“ испратиле нова понуда од 70 милиони евра, надевајќи се дека обновеното спортско раководство на Барселона може да размисли за неговата продажба поради финансиски причини.

Одговорот на Каталонците, сепак, останува непроменет – Френки де Јонг не е на продажба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови