Манчестер Сити ќе биде без централниот дефанзивец Рубен Дијаш во наредните четири до шест недели. Ова го откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Португалскиот дефанзивец се повреди на натпреварот против Питерборо оваа недела. На истиот натпревар се повреди и Нејтан Аке. Ова значи дека Манчестер Сити останува без двајца квалитетни централни дефанзивци во пресрет на важен период од сезоната.
„Такви работи се случуваат во текот на сезоната. Еден од нашите најдобри играчи, Кевин Де Бруин, отсуствуваше осум или девет месеци. Нема да плачеме. Имаме двајца централни дефанзивци, таква е ситуацијата“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити во недела ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во градското дерби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal