
Англискиот шампион Манчестер Сити сака да го задржи својот капитен Фернандињо на „Итихад“ следната сезона. „Граѓаните“ разгледуваат две опции, од кои едната е да му биде понудена улога во стручниот штаб на менаџерот Пеп Гвардиола. Сепак, постои и можност тој да потпише нов едногодишен договор за продолжување на кариерата.
Доколку се имплементира втората опција, Бразилецот би станал четвртиот играч на „граѓаните“ кои ќе останат цела деценија во тимот, по Винсен Компани, Давид Силва и Серхио Агуеро.
Манчестер Сити му плати 30 милиони фунти на Шахтјор Доњецк во 2013 година за да го привлече Фернандињо, кој оттогаш е еден од клучните играчи за успесите на тимот.
Ветеранот, кој во мај ќе наполни 37 години, стартуваше на десет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Гвардиола сака да го задржи Бразилецот поради неговото огромно влијание во соблекувалната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
