
Манчестер Сити сака да го врати Кол Палмер на „Етихад“ и подготвен e да инвестира неверојатни 250 милиони евра. Од оваа сума, 200 милиони би отишле веднаш на сметката на Челси, додека останатите 50 милиони би биле во форма на бонуси.
Откако пристигна во Челси, Палмер се наметна како клучен играч, одиграјќи 97 натпревари и постигнувајќи 43 гола, со 29 асистенции. Тој е и стандарден англиски репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во Премиер – лигата.
Челси засега нема план за негова продажба, но понуда од ваков размер секако дека ќе биде сериозно разгледана од раководството на клубот од „Стемфорд бриџ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид го промовираше Џакомо Распадори

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Алтин Алији
