
Манчестер Јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе. 22-годишниот Холанѓанец има одлична сезона во Серија А и го предизвика вниманието на големите европски клубови.
Раководството на Манчестер Јунајтед ќе инвестира во реновирање на тимот, најавени се заминувања на Ентони и на Марсијал, а токму Зиркзе би можел да пристигне како едно од новите засилувања на „Олд Трафорд“.
Според медиумите на Островот, Манчестер Јунајтед за него ќе треба да плати околу 40 милиони евра.
Германскиот првак Баерн ќе добие 50% од оваа сума, затоа што Џошуа Зиркзе во август 2022 година од Минхен се пресели во Болоња за 8 милиони евра. Покрај тоа, Баерн има право да го откупи напаѓачот за 22 милиони евра, но клубот не планира да го искористи.
Зиркзе е најдобар стрелец на Болоња во тековната сезона во Серија А, со седум постигнати гола и две асистенции на 17 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal