
Манчестер Јунајтед стапил во контакт со Челси за да се информира за условите за можен трансфер на Николас Џексон, пренесуваат медиумите од Островот. Според различни извори, токму Џексон во моментов е еден од водечките кандидати за засилување на нападот на „црвените ѓаволи“.
„Сините“ активно бараат купувач за напаѓачот и би биле подготвени да се разделат со него по поприфатлива цена, откако веќе ангажираа двајца офанзивци на неговата позиција — Лиам Делап, за кого и Манчестер Јунајтед покажуваше интерес, и Жоао Педро.
Иако Јунајтед размислува сериозно за ангажман на Џексон, Челси поставил висока цена — околу 50 милиони евра. Сепак, постои можност за директна размена, бидејќи Челси одамна е заинтересиран за Алехандро Гарначо, кој Јунајтед наводно е подготвен да го продаде.
На „Олд Трафорд“ веќе пристигнаа Матеус Куња и Диего Леон, а наскоро се очекува да биде потврдена и зделката за Брајан Мбеумо од Брентфорд.
Покрај тоа, денеска се појавија изненадувачки информации дека Јунајтед води активни преговори и со Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон, но самиот Швеѓанец има предност за трансфер во Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
