Connect with us

Манчестер Јунајтед нема да го смени Рубен Аморим, клубот сѐ уште има доверба во него

И покрај поразот на Манчестер Јунајтед со 3-1 од Брентфорд во шестото коло од Премиер-лигата, клубот сè уште има доверба во менаџерот Рубен Аморим, објави „Би-Би-Си“.

Според изворот, сер Џим Ретклиф смета дека работата на Португалецот треба да се оценува по завршување на цела сезона, нагласувајќи дека клубот е задоволен од насоката во која тој го води тимот.

Претставници на Манчестер Јунајтед исто така ги отфрлија шпекулациите дека се бара нов менаџер, подвлекувајќи дека моментално не се разгледува опција за промена на тренерот. Вчера во текот на денот беше објавено дека меѓу кандидатите за нов менаџер на „црвените ѓаволи“ се Андони Ираола, Оливер Гласнер и Фабијан Хурцелер, но засега изгледа дека тоа нема да се случи.

Под водство на Аморим, екипата има собрано 34 бода на 33 натпревари во Премиер-лигата откако беше назначен минатата есен, а сè уште нема врзано две победи по ред. Дополнително, тимот срамно испадна од Карабао Купот од четвртолигашот Гримзби, минатата сезона заврши веднаш над зоната за испаѓање, а во Лига Европа го загуби финалето од Тотенхем. Исто така, Манчестер Јунајтед не успеа да се пласира во европските клупски натпреварувања за првпат по сезоната 2014/15.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови