
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, според англиските медиуми, на лето ќе се обиде да го доведе одличниот белгиски играч за врска и член на Лестер, Јури Тилеманс. На тој начин раководството на „ѓаволите“ сака да го реши горливиот проблем на средината на теренот.
Скот Мектоминеј моментно е лидер на средниот ред, Матиќ веќе има дваесетина години кариера, а Пол Погба со мислите е некаде далеку од Манчестер.
Пред Тилеманс, во фокусот на Јунајтед беа Деклан Рајс и Калвин Филипс, но се чини дека се тешко достапни.
Како прв ривал на Манчестер Јунајтед за потписот на Белгиецот се споменува Арсенал. Вредноста на Тилеманс се проценува на повеќе од 50 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
