Connect with us

Манчестер Јунајтед и Интер во трка за Адејеми

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, се поврзува со можност за трансфер во Премиер – лигата или во Серија А, пренесува „Билд“.

Според информациите, фудбалерот ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот од сезоната и би можел да се пресели во Англија или во Италија. Адејеми неодамна бил претставуван од Хорхе Мендеш, кој е во директен контакт со Манчестер Јунајтед и Интер во врска со можен трансфер.

Оваа сезона 23-годишниот напаѓач одигра 14 натпревари во сите конкуренции, постигна три гола и забележа три асистенции. Неговата пазарна вредност изнесува 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови