Connect with us

Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Манчестер Јунајтед наскоро би можел да се откаже од уште еден скап неуспех.

Како што е познато, на последниот ден од преодниот рок во „Театарот на соништата“ пристигна Сене Ламенс од Ројал Антверпен, и младиот Белгиец ќе биде прв избор на Рубен Аморим.

Сега, според британските медиуми, Јунајтед бара начини да го продаде или Андреа Онана или Алтај Бајиндир, кој имаше предност на стартот на Премиер – лигата, но не се покажа најдобро.

Медиумите наведуваат дека Онана е побарано име на пазарот, но моментално опциите се ограничени само на Турција и Саудиска Арабија, каде сè уште трае преодниот рок.

Во Турција, Галатасарај и Фенербахче не се опции, бидејќи и двата клуба доведоа нови голмани. Галата потроши големи средства и го урна рекордот на Угурчан Чакир од Трабзон, додека во Фенербахче пристигна Едерсон од Манчестер Сити.

Саудиска Арабија сè уште е опција, но останува да се види за кои клубови. Голман на Ал-Хилал е Боно, во Ал-Наср е Бразилецот Бенто, додека Едуард Менди е капитен на Ал-Ахли, па така тие клубови не се опција. Останува да се видат можностите во останатите клубови од Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови