Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го објави списокот на 32 фудбалери кои ќе патуваат во САД како дел од подготовките за новата сезона.
На списокот очекувано ги нема имињата на Eнтони, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Тајрел Маласија – фудбалери кои се вратија од позајмици, но сакаат да го напуштат клубот. Oтсутно име е и Хари Мегваер, кој нема да патува поради лични причини. Со тимот нема да биде ниту Маркус Рашфорд, кој наскоро официјално ќе стане нов играч на Барселона.
Од друга страна, на списокот се најдоа трите нови засилувања на тимот на Рубен Аморим, Брајан Мбеумо, Матеус Куња и Диего Леон, како и неколку млади фудбалери од академијата. Таму се и Лисандро Мартинез, кој сè уште се опоравува од повреда, но ќе патува заради својата важна улога во атмосферата во тимот, како и Андре Онана, кој исто така е повреден.
На американска почва, „црвените ѓаволи“ првиот натпревар ќе го одиграат против Вест Хем во недела наутро на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Потоа ќе ги одмерат силите со Борнмут и со Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













