Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини откри дека се согласил да стане фудбалски работник само поради „росонерите“. Тој немал намера да се впушта во ваква улога по завршувањето на фудбалската кариера.
„Како играч можете да ја вложите целата своја енергија на теренот. Како директор не можеш да го правиш тоа, па жената и децата мораат да се справат со твоите добри и лоши моменти дома. Сепак, постои едно нешто заедничко – страста. Особено за овој спорт и за Милан. Мојата кариера како директор постои само поради Милан. Ова не е нешто што го планирав по крајот на кариерата. Ми требаше време да стекнам знаење. Го чекав вистинскиот момент и имав многу среќа“, изјави Паоло Малдини, за кого сите сметаат дека е врвен менаџер, со оглед дека успеа да ја врати шампионската титула на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













